Wednesday, April 28, 2010

Поправени неколку багови

Проблемот кој се јавуваше кај затоврените прашања е исправен.
Исто така лошо се гледаа коментарите кога ги имаше повеќе, не се гледаше кој од кого е.
Се тоа го исправи нашиот супер програмер tdelev .

Исчистете го кешот се се супер сега :)

Ако се појават некои дополнителни проблеми слободно контактирајте не .

Tuesday, April 27, 2010

Отворен е блогот на Текнувало.МК бета

На 20 Април 2010, ја пуштивме јавната верзија на www.teknuvalo.mk , досега имаме околу 80-тина членови од најголем дел се приклучија по објавите на Facebook и Twitter.
Идејата ни е да ги собереме сите програмери од Македонија на едно централно место кое во основа е инспирирано од Stackoverflow.com. Во иднина во соработка со вас планираме да направиме најразлични измени во концептот на работа на апликацијата.
Засега се трудиме да собереме критична маса за да може да функционира системот за рангирање, во основа не би требало да има големи промени во начинот на добивање на поените, досега тие што беа најактивни добиваа и најмногу поени како што може да се забележи од http://teknuvalo.mk/users/ .
На овој блог редовно ќе ве информираме за промените што се случуваат и како тече развојот на апликацијата